Во Сарај 65 санкционирани возачи, 15 без возачка

Од:

На територијата на Сарај изречени се вкупно 65 мерки, меѓу кои за возење без возачка дозвола 15 санкции, во текот на вчерашниот ден во рамки на акциските контроли во областа на сообраќајот.

Како што денеска информираа од МВР, од вкупниот број санкции, седум се за технички неисправни и нерегистрирани возила, а девет санкции за користење мобилен телефон.

Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови, посочуваат од МВР и апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот.

Би можело да ве интересира

Сообраќајот за тешки возила кон Г.П. „Блаце“ се пренасочува преку бензинската пумпа „Дизел“

Прекин на сообраќајот на регионалниот пат Куманово – премин Пелинце

Нормализиран сообраќајот на патот Бошков мост – Дебар

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози

Промени во Законот за безбедност на сообраќајот: Реакции и вело-пријателски предлози

Сообраќајот се одвива по наместа влажни коловози