Борел: На светот му треба американско лидерство во борбата со Ковид-19

Од:

На светот му треба американско лидерство во борбата против Ковид-19, смета шефот на европската дипломатија, кој упати повик до новоизбраниот претседател на САД, Џо Бајден да преземе акција откако администрацијата на Трамп беше широко критикувана за бавниот одговор на пандемијата.

– Бидејќи богатите земји преговараат за многу повеќе дози на различни вакцини за коронавирусот отколку посиромашните, шефот за надворешна политика на Европската унија, Жозеп Борел, вели дека САД мора да го заземат своето место како „мотор на светот“ и да помогнат.

– Светот ќе се соочи со еден од најголемите предизвици при вакцинирањето на човештвото оваа година. Ќе бара многу солидарност, многу соработка и многу ресурси”, изјави Борел.

– Ова е прва глобална криза во која недостасува раководството на САД и на светот му треба американско лидерство“, рече Борел ветувајќи поддршка од ЕУ за Вашингтон.

Борел предложи и враќање на трансатлантските врски по ерата на Трамп.

– Само со две работи, штом САД се вратат на климатскиот договор и се приклучат на нуклеарниот договор со Иран, светот ќе стане многу подобар и побезбеден, рече тој.

– По управување преку твитови, можеби можеме да преминеме на управување користејќи друг начин за комуникација, дефинирање позиции и земање предвид на проблемите и интересите на другите, рече Борел.

Во врска со првите чекори што може да ги преземе администрацијата на Бајден, Борел нагласи: Престанете да се заканувате со санкции за секој што е дел од економските односи со Иран.

Борел (73), рече дека ќе го покани кандидатот на Бајден за државен секретар Ентони Блинкен на неформален состанок на министрите за надворешни работи на ЕУ во Лисабон на 4-5 март, за да ја обнови соработката по четири години во кои администрацијата на Трамп се обиде да го отстрани блокот од 27 нации.

Борел наведе и други прашања на кои Вашингтон и Брисел може да направат промени, вклучително и обликување на дигиталната регулатива, како и за односите со Кина.

Би можело да ве интересира

Америка потврди: Им дадовме зелено светло, можат да нападнат

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Чувар на американската амбасада во Осло уапсен под обвинение за шпионажа

Горан Наумовски

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија