Околу 10 милиони деца во Авганистан се загрозени поради недостиг на храна, соопшти денеска хуманитарната организација „Save the Children“ и побара 1,3 милијарди долари донации како помош.
– За повеќе од 18 милиони Авганистанци, вклучувајќи 9,7 милиони деца, има огромна потреба од основни средства за живот, а најмногу храна, се наведува во соопштението на организацијата.
Хуманитарната организација побара 1,3 милијарди долари донации како помош во 2021 година, а нејзиниот директор во Авганистан, Крис Ниаманди порача дека во таа земја населението моментно тројно страда, поради насилните судири, сиромаштијата и пандемијата на Ковид-19.
– Тоа е очајно лоша ситуација, на која и е потребно итно внимание од меѓународната заедница, истакна Ниаманди.