Парламентот на Северен Кипар и изгласа недоверба на Владата

Од:

Парламентот на Северен Кипар денеска и изгласа недоверба на Владата на Ирсен Ќучук од Партијата за национално единство (УБП), јави Анадолија.

Собранието, кое брои 50 пратенички места, со 27 гласа „за“ на пратениците на Републиканската турска партија (ЦТП), Демократската партија (ДП) и Социјалдемократската партија (СДП), и 21 глас „против“ на пратениците од УБП, како и еден невалиден, и изгласа недоверба на Владата.

Претседателот на Парламентот Хасан Бозер изјави дека според правилата по изгласаната недоверба на Советот на министри, премиерот Ќучак треба да поднесе оставка до претседателот на Северен Кипар Дервиш Ероглу.

Владата на Ќучак беше на власт од 17 мај 2010 година. Откако на 26 мај осум пратеници истапија од УБП, владејчката партија го загуби парламентарното мнозинство, по што Парламентот донесе одлука за одржување предвремени избори на 28 јули.

Би можело да ве интересира

Познат првиот натпреварувач на Евровизија идната година : Тео Еван ќе го претставува Кипар во Базел

Предраг Петровиќ

Кипар испраќа два авиона за справување со пожарите во Свети Николе и Чашка

Ердоган: Турција е подготвена да изгради воена база на Кипар, доколку е потребно

Ердоган: За Кипар не е можно федерално решение

Претседателот на Кипар: Нема друга опција освен обединување на островот

Инфлуенсер меѓу фаворитите за изборите за ЕУ ​​во Кипар: Никогаш не сум гласал, не знам ништо за ЕУ