ВИДЕО: Кинески полицајци вооружени со ПП апарат јуришаат на разбојник

Од:

Полицијата во град во близина на Нанчанг, во кинеската провинција Џијанкси, неодамна добила повик за интервенција при вооружен грабеж во продавница, каде разбојник со нож држел заложник.

Поради специфичната ситуација и тесниот простор, како и поради ризикот по продавачот доколку се оди со вообичаените планови и маневри за неутрализирање на напаѓачот во ваква ситуација, била исклучена употребата на огнено оружје и полицајците биле принудени да импровизираат.

Тие решиле да искористат стандарден противпожарен апарат и брза, одлучна акција за да го изненадат, разоружаат и да го уапсат разбојникот. На снимката се гледа како десетина полицајци влетуваат како фурија, предводени од еден колега кој држи голема метална шипка во форма на вилушка, за да се држи на дистанца ограбувачот со нож во раката.

Од позадина, друг полицаец го активира ПП-апаратот, во истата секунда создавајќи завеса од чад во малата продавница и дополнително збунувајќи го криминалецот, кој беше совладан за помалку од пет секунди, немоќен за каков било отпор.

Би можело да ве интересира

Бројот на жртвите од уривањето на дел од автопатот во Кина се искачи на 36

ВИДЕО: Се урна дел од автопат во Кина, најмалку 19 лица се загинати

А1он

Торнадо во Кина, најмалку пет лица загинаа, а 33 се повредени

Блинкен: Се надеваме дека повеќе Американци ќе студираат во Кина

Кина ги отфрли обвинувањата дека ја поддржува руската инвазија на Украина

(ВИДЕО) Големи поплави во Кина, повеќе од 50.000 луѓе се раселени

Горан Наумовски