Државата ќе субвенционира 18.000 денари за вградување плински уред во возилата

Од:

Субвенција од 50 отсто од износот но не повеќе од 18.000 денари по возило ќе доделува Министерството за економија за вградување плински уред или уред на друго алтернативно гориво во возилата. Министерот за економија Крешник Бектеши најави дека за оваа намена се предвидени 11 милиони денари.

„Јавниот повик за вградување уреди за алтернативно гориво во возилата ќе биде објавен во третиот квартал од годинава““, рече министерот Бектеши.

Поддршката ќе се исплаќа на принципот “прв дојден – прв услужен“. Помошта од државата е во рамки на програмата за обновливи извори на енергија и поттикнување енергетска ефикасност во домаќинствата.

Минатата година оваа мерка поради пандемијата беше укината, а средствата беа пренаменети за помош на најпогодените сектори од кризата.

Би можело да ве интересира

Седум години ЕЛС: Ќе бидеме најинтегрираната компанија во регионот

Предраг Петровиќ

Трамп лансира сопствена валута: Цената порасна за 4.000 отсто

Луксузниот хотел во Белград ќе се вика Трамп

Предраг Петровиќ

СДСМ: Поради неспособноста на Трипуновски нема откуп на оризот

Пред пропаѓање и италијанската автомобилска индустрија

Америка воведе санкции за српската нафтена индустрија