НУ Универзитетска библиотека „Св.Климент Охридски“-Битола информира за најчитаните книги кои ги избрале битолчани за време на празниците и зимскиот распуст.
Во одделот за возрасни најбарани и најчитани се книгите „Совршеното дете“ од авторката Лусинда Бери, „Зима со мирис на капини“ од Сара Џио, „Напишано со каење“ на Али Мартинез, „Господар на сенките“ од Донато Каризи и „Четиринаесеттата колонија“ чиј потписник е авторот Стив Бери.
Од битолската Библиотека информираат дека за време на зимскиот распуст посебно активни биле младите и децата, а најбарани и најчитани книги во одделот за деца биле „Еднаш и тогаш“ од Морис Глицман, „Момо“ од Михаил Енде, „Мачки детективи“ – дело на Александро Гати и Давиде Моросиното, „Јавачот на божилак“ од Горјан Петревски, како и книгата „Јас сум Миа“ која за децата ја напиша Јана Мишо.