Германски виролог предвидува ново одложување на ЕП во фудбал

Од:

Пандемијата на коронавирус ќе ја принуди УЕФА да го одложи претстојното Европско првенство (ЕП) во фудбал, оцени денеска германскиот вирoлог Карл Лаутербах.

Тој, во интервју за германскиот портал „Т-онлајн“, истакна дека епидемиолошката состојба на европскиот континент на почетокот на пролетта уште повеќе ќе се влоши, што одржувањето на ЕП ќе го направи невозможно.

-Мислам дека ЕП мора во целост да биде откажано, бидејќи состојбата во многу европски држави во март ќе биде полоша отколку што е денес, изјави Лаутербах.

Здравствениот експерт од редовите на Социјалдемократска партија СДП), која е дел од германската владејачка коалиција, наведе дека состојбата со коронавирусот во март ќе биде таква што никој нема да размислува околу идејата за одржување на ЕП во присуство на публика.

-Никој во Европа не може да појде од точката дека кон средината на годинава ќе имаме доволен број вакцинирани луѓе, додаде Лаутербах.

ЕП, што поради пандемијата на коронавирус Европската фудбалска асоцијација (УЕФА) го презакажа лани за 2021 година, треба да се одржи во 12 градови во исто толку европски држави, од 11 јуни до 11 јули.

УЕФА претходно овој месец соопшти дека, засега, не разгледува алтернативи на планот за организација на претстојното ЕП.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Пред 61 година, репрезентацијата на СССР ја победи Југославија во финалето на првото ЕП

Ана Ололовска

УЕФА ги активираше мобилните апликации за преземање на билетите за ЕП

Ана Ололовска

Де Бур го финализира составот за Евро 2020

Ана Ололовска

Ибрахимовиќ нема да игра на Европското првенство

Ана Ололовска

Верати најверојатно ќе го пропушти Европското првенство

Жарко Настоски

Руските организатори на ЕП дадоа „зелено светло“ за навивачи од странство

Жарко Настоски