25-годишен прилепчанец загина на лов во Мариово

Од:

Дваесет и петгодишен прилепчанец денеска им подлегнал на повредите, откако бил погоден со куршум од ловечка пушка во атарот на селото Витолиште, Мариово.

Според Сања Стаматова, портпаролка на СВР Битола, прилепчанецот со иницијали Ѓ.Х. бил погоден со куршум од лице од група која била на лов.

– Денеска во 11 часот и 6 минути во прилепската полициска станица било пријавено дека во атарот на селото Витолиште, 25-годишниот прилепчанец бил погоден со куршум од ловечка пушка од едно лице од група која била на лов. Во 14:55 часот од екипа на итната медицинска помош било констатирано дека Ѓ.Х. им подлегнал на повредите, соопшти Стаматова.

Увид направиле полицијата и јавен обвинител при основното јавно обвинителство од Прилеп. Наредена е обдукција. Од СВР Битола соопштуваат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Би можело да ве интересира

Охриѓанец почина откако кануто му се превртело во Езерото

Катерина Ѓуровски

66-годишен маж пронајден починат во неговиот дом во Кичево

Катерина Ѓуровски

Избегал од затворот во Струмица па ја грабнал поранешната девојка

Полјаци со четирицикли влегле во воени магацини во Тетово, четворица приведени

Човечки труп пронајден во канал во Бардовци

Катерина Ѓуровски

Трагедија во радовишко: 77-годишник загина при сечење дрва