Над 19.000 евакуирани, осуммина загинати и четворица исчезнати, е билансот на поплавите во Чешка предизвикани од поројни дождови, јави дописникот на МИА од Прага.
Додека чешкиот главен град се справува со последиците од надојдената река Влтава, чиј водостој постепено се намалува, во северозападниот дел на земјата особено во Устецкиот крај се очекува ситуацијата со надојдените води да кулминира утре во вечерните часови.
Највисок, трет степен степен на опасност од поплави се уште е во сила во 25 места. Метеоролозите за денеска превидуваат облачно време со повремени врнежи од дожд.
Највисоката температура ќе се движи од 13 до 20 степени Целзиусови.