СДСМ: Срамно е што Ковачки и ВМРО ДПМНЕ се обидуваат да го рушат угледот на Армијата и државата

Од:

„Срамно е што Ковачки и ВМРО ДПМНЕ се обидуваат да го рушат угледот на Армијата и државата, нема да успеат Ковачки е последен кој може да зборува за доверба на НАТО во Република Северна Македонија, како воено лице кое континуирано се обидува да ја наруши таа доверба и во партиски интерес се обидува да ги наруши угледот на државата и Армијата. Членството во НАТО, како и меѓусебната доверба меѓу нас и НАТО, беа недостижни во времето кога Ковачки и неговата партија беа на власт. Тие се сработија токму кога тие заминаа во опозиција, и тоа од владата која толку сакаат да ја плукаат“, стои во реакцијата на СДСМ на прес-конференција на Драган Ковачки од ВМРО-ДПМНЕ.

„Срамно е овие теми да ги злоупотребува поранешен шеф на воено разузнавање за ситни партиски поени. Срамно е да се биде во редовите на Армијата, а да се работи против неа и против својата земја. Ја држевте земјата 11 години во изолација, ги држевте војниците на плата пониска од просечната, во бедни услови, заборавивте на НАТО. Сега кога сме членка на НАТО, кога војниците се финансиски обезбедени и мотивирани, се обидувате да злоупотребите безбедносни процедури да го урнисате авторитетот на вашите колеги, на Армијата и државата. Нема да успеете“, се додева во неа.

 

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Фрчкоски: Мицкоски ја труе Македонија – СДСМ бара 5 милиони евра од прославата со пејачи да се пренаменат за чиста вода

А1он

СДСМ: Загадена вода во шест населени места – без одговорност и кривични пријави

А1он

СДСМ: Наместо виновниците, санкции трпат угостителите и трговците во Гостивар

СДСМ: Орбановите автобуси победија на тендерот во Скопје

(ВИДЕО) Илијоска: Невремето ги опустоши струмичките посеви, а Владата не презема ништо – итно да ги обештети земјоделците

СДСМ: Тимчо Муцунски нè убедува дека сме „портата кон Европа“ – а не слепо црево