Одлуките кои ќе го донесе Бајден веднаш по стапувањето на функција

Од:

Новоизбраниот претседател на САД, Џо Бајден, планира на неговиот прв работен ден во Белата куќа да потпише десетици укази и наредби, со кои или ќе се поништат одлуките на администрацијата на Трамп или ќе се „истуркаат“ политиките што беа неостварливи за време на неговото владеење.

Меѓу нив е и одлуката за повторно пристапување на САД кон Парискиот договор за климата и одлуката за укинување на забраната за влез на лица од доминантно муслиманските земји, може да се прочита во меморандумот на неговиот иден шеф на кабинет, Рон Клајн.

Меѓу нив е и прекинот на принудните иселувања и плаќање на студентски заеми за време на пандемијата на коронавирусот, како и воведување на задолжително носење маски во федералните институции.

Клајн во документот потсетува дека Бајден за време на кампањата вети дека на првиот ден на функцијата ќе се занимава со поништување на контроверзните одлуки на администрацијата на Трамп, како и со борбата против пандемијата на коронарвирусот.

„За време на кампањата, новоизбраниот претседател Бајден вети дека ќе преземе итни активности за решавање на овие кризи. Како претседател тој ќе ги исполни овие ветувања и ќе потпише десетици укази, меморандуми и директиви до агенциите за исполнување на тие ветувања”, напиша Клајн.

Би можело да ве интересира

САД: Судири на пропалестински протести, приведени околу 300 студенти

Земјотрес со јачина од 4,1 степени според Рихтер го погоди Лос Анџелес

(ВИДЕО) Полицијата во САД усмрти ученик пред училиште откако доби информација дека има пиштол

Хамас: САД вршат притисок да го прифатиме договорот со Израел

А1он

Вучиќ за негодувањето на САД што нови министри се на американската црна листа: Тоа е изборот на граѓаните на Србија

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Студентите на пропалестинските протести во Тексас се судрија со полицијата

Катерина Ѓуровски