Седум загинати во пад на филипински воен хеликопер

Од:

Филипинските власти соопштија дека седум лица денеска загинаа при пад на воен хеликоптер на југот од земјата.

Хеликоптерот со седум лица во него се урна додека носеше залихи за силите кои се борат против бунтовниците, а причина за падот очигледно е дефект на моторот, соопштија воените власти.

Поради проблеми со моторот, хеликоптерот неуспешно се обидел да изврши принудно слетување во планинска област во провинцијата Букиднон.

Во несреќата загинаа четворица припадници на воената авијација, од кои двајца пилоти, како и еден припадник на копнената војска и двајца припадници на безбедносните сили.

Филипинските владини сили се борат против комунистичките герилци низ целата земја, по неуспехот на преговорите меѓу администрацијата на претседателот Родриго Дутерте и маоистичките бунтовници.

Иако комунистичките герилци се ослабнати по повеќедецениските порази во борбите и поради внатрешните поделби, сепак, тие и натаму претставуваат закана за безбедноста на земјата. Војската соопшти дека во бунтот се активни околу 3.500 герилци.

Би можело да ве интересира

Најмалку 81 лице загина во невремето Трами на Филипините

А1он

Тропска бура ги погоди Филипините, најмалку 13 загинати

Брод на кинеската крајбрежна стража намерно се судри со брод на филипинските колеги

Горан Наумовски

Екстремни горештини на Филипините

Во свлечиште на Филипините загинаа 11 лица, а 110 се исчезнати

(ВИДЕО) Бизарна пресметка на далечниот исток: Кинезите со воден топ „пукаат“ во филипински брод