Новоизбраниот американски претседател Џо Бајден денеска ги назначи Венди Шерман за заменик државен секретар и Викторија Нуланд за потсекретар за политички прашања, што значи дека двете ќе ги заземат втората и третата највисока позиција во Стејт департментот.
Шерман е ветеранка во американската надворешна политика и клучен преговарач за нуклеарниот договор со Иран, постигнат во 2015 година, од кој САД се повлекоа за време на администрацијата на претседателот во заминување Доналд Трамп.
Нуланд е дипломат од кариера, која меѓу другото работеше и во администрацијата на поранешниот американски претседател Барак Обама како помошник државен секретар за европски и евроазиски прашања, а исто така беше и амбасадор на САД во НАТО и портпарол на Стејт департментот.
Бајден, меѓудругите, еден од своите долгогодишни советници за надворешна политика, Брајан Мекон, денеска го назначи за заменик државен секретар за управување и ресурси, а Бони Џексинс за потсекретар за контрола на воооружување и меѓународни безбедносни работи.
Американските медиуми оценуваат дека со давањето место во Стејт департментот на групата поранешни дипломати од кариера и ветерани од администрацијата на Обама, Бајден посочува дека сака да се врати кон традиционалната надворешна политика по четирите години на неизвесност и непредвидливост со Доналд Трамп.
Новиот американски државен секретар, Ентони Блинкен, треба да бидат потврден во вторник, кога ќе се одржи сослушување во Комитетот за надворешни односи на американскиот Сенат. И назначувањата на Шерман, Мекон, Нуланд, Џексинс и Зеј, исто така, ќе одат на одобрување од Сенатот.