ДИЖС: Методите на една од двете лаборатории што мереа во „Пејпер Мил“ не се прифатливи

Од:

Забраната за користење на котелот на пелети во Пејпар Мил произлегува од надминувањето на граничните вредности на емисии утврдени со мерења на акредитирани лаборатории од 13.11.2020 година, 23.11.2020 година и 30.12.2020 година информираат од Државниот инспекторат за животна средина.

Од таму објаснуваат дека мерења правеле две лаборатории, ЕУРОМАК-КОНТРОЛ и Лабленд лабораторија за животна средина (Лабексперт ДООЕЛ од Бугарија).

-Со мерењата спроведени на 13.11.2020 година и 23.11.2020 година од ЕУРОМАК-КОНТРОЛ во присуство на државен инспектор за животна средина, утврдени се две последователни надминувања на граничните вредности и тоа: 183.93 mg/m3 и 198.53 mg/m3 прашина над дозволените 150 mg/m3, како и 1097,2 односно 1468 mg/Nm3 јаглероден моноксид наспроти 500mg/Nm3.

Мерењата од 30.12.2020 година спроведени од страна на Фармахем ДООЕЛ Лабораторија за животна средина и Лабленд лабораторија за животна средина (Лабексперт ДООЕЛ од Бугарија) значително се разликуваат. Имено, Фармахем измери 726 mg/m3 прашина над дозволените 150 mg/m3 и над 3205 mg/Nm3 јаглероден моноксид, повеќе од дозволените 500 mg/Nm3. Лабленд измери 74 mg/m3 прашина или речиси десет пати помалку од Фармахем, додека измерените концентрации на јаглероден моноксид изнесуваат 5745 mg/Nm3, повеќе од дозволените 500 mg/Nm3.

Државниот инспекторат за животна средина ангажираше оценувач и достави барање до Институтот за акредитација на Република Северна Македонија за анализа на резултатите на мерењата. Со помош на оценувачот и издаденото стручно мислење на Институтот за акредитација, се утврди дека бугарската лабораторија Лабленд за мерење на емисии на прашина го користела методот EN 13284-1 чијшто мерен опсег е под 50 mg/m3, а издадени се резултати надвор од мерниот опсег на методата (74mg/m3). Понатаму, за мерење на емисиите на штетни гасови (јаглерод моноксид, азотни оксиди, сулфур диоксид, јаглерод диоксид) лабораторијата Лабленд не користи референтни методи, односно користи интерна метода ВЛМ 01:2016 за која нема докази за еквивалентност со стандардни референтни методи, а што е пропишано со член 12 од Правилникот за изменување и дополнување на правилникот за методологијата, начините, постапките, методите и средствата за мерење на емисиите од стационарните извори (Службен Весник на РСМ, бр. 176 од 26.8.2019 година). Имајќи предвид дека опсегот на акредитираните методи на Лабленд не е во согласност со барањата на наведениот Правилник, Државниот инспекторат за животна средина не можеше да го прифати извештајот на оваа лабораторија – стои во соопштението ДИЗС.

Би можело да ве интересира

„Пејпер Мил“: Нејасно е зошто Инспекторатот одбира да уважи мерења на само една лабораторија

Катерина Ѓуровски

Загадувачот „Пејпер мил“ од Кочани се затвора, не било исплатливо да работат на метан

Ана Василевска

Ако не ги исполни условите „Пејпер мил“ ќе добие забрана за работа

Катерина Ѓуровски