ВИДЕО: Уапсен сопственик на локал во кој полицијата затекнала Русинки и Украинки „на црно“

Од:

Полицијата откри 18 гости и 11 странски државјанки од Русија и Украина во угостителски објект во Охрид, кој работел и покрај тоа што претходно имал забрана и ставена пломба. Од извршената контрола денеска во 1:30 часот, дополнително е утврдено дека во објектот работи по 18.00 часот, спротивно на мерките за спречување на пандемијата со Ковид-19. Сите што биле затекнати во објектот се приведени.

– На 16.01.2021 во 01:30 часот од страна на Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога оружје и опасни материи во координација со полициски службеници од Одделот за специјални полициски операции и Државен пазарен инспекторат извршена е контрола во угостителски објект на улица „Железничка“ во Охрид, сопственост на Д.Т. (30) од Охрид, при што било утврдено дека објектот работи и покрај претходно изречената забрана за работа и ставената пломба на 06.01.2021 од страна на Државен пазарен инспекторат, а и притоа внатре биле затечени сопственикот, четири лица од персоналот, 18 гости и 11 странски државјанки од Русија и Украина, информираат од МВР.

При претресот пронајдени се и одземени парични средства сместени во посебни нумерирани кутии, мобилни телефони и техниката за видео надзор. Странските државјанки немале регулиран престој ниту дозволи за работа.

Угостителскиот објект во Охрид повторно е пломбиран и има забрана за вршење на дејност во времетраење од 30 дена, а против сопственикот ќе биде поднесена кривична пријава и за претходното кривично дело – оштетување и кинење на пломба.

Би можело да ве интересира

Овчарот по кој се трагаше цела ноќ пронајден мртов

Катерина Ѓуровски

Кривична пријава за дваја полицајци, истепале приведен

Шестгодишно дете возело електричен тротиент, се судрило со мотор и тешко е повредено

Му зеле 22.500 евра, измамници му ветувале дека ќе му завршат работа да купи државно земјиште

Починато петмесечно бебе донесено на Детска клиника

15-годишник избодел врсник во основно училиште во Гази Баба