Расмунсен: Идната мисија на НАТО во Авганистан ќе се нарекува „Решителна поддршка“

Од:

Идната мисија на НАТО во Авганистан по 2014 година ќе се нарекува „Решителна поддршка“ (Resolute support), соопшти генералниот секретар Андерс Фог Расмусен.

Тој забележа дека на денешниот втор ден од заседанието на министрите за одбрана од Алијансата во Брисел претстои да се разгледаат воените планови на идната мисија, што за основна цел ќа ја има обуката на авганистанските служби за безбедност.

Во оваа етапа останува непознато какви ќе бидат бројноста, буџетот и времетраењето на мисијата.

Расмусен забележа, дека синоќа за прв пат во НАТО се оддржа заседание на ниво на министри, посветено на киберодбраната и улогата на Алијансата во заштитата на критични информациски системи.

-Ова е сериозен предизвик, затоа што кибер нападите стануваат почести, посложени и поопасни, забележа тој.

Според него, овие напади без предупредување доаѓаат од секоја точка на светот и може да имаат разурнувачки последици.

Во последната година НАТО презема мерки против 2.500 сериозни кибернетски закани, што значи по една секои три часа во деноноќието, во секој ден од годината,забележа Расмусен.

-И покрај нараснатата сложност на електронските напади, безбедниста на информациските системи на пактот не беше оштетена, прецизира тој.

Би можело да ве интересира

Фицо не исклучува можност од излегување на Словачка од ЕУ и НАТО

Шведска вежба технологија за напад со рој дронови

Предраг Петровиќ

Дронот „Принц Вандал“ му нанесе штета на НАТО од 300 милиони долари

Горан Наумовски

Инвестирајте повеќе во одбрана или почнете да учите руски, порача шефот на НАТО

Шекеринска: Во овој понестабилен и поопасен свет, демократиите мора да преземат акција

А1он

ВИДЕО: Италијански Ф-35 и руски Сухој на работ на инцидент над Балтичкото Море