„Пејпер Мил“: Нејасно е зошто Инспекторатот одбира да уважи мерења на само една лабораторија

Од:

Откако Инспекторатот за животна средина со решение наложи на работење со користење на метан како единствен енергенс на фабриката „Пејпер Мил“ од Кочани, управата на компанијата донесе одлука да го прекине производствениот процес на неопределено време.

Како што соопшти компанијата, во оваа фаза 120-те вработени се известени дека не треба да доаѓаат на работа заради прекин на производството, а во тек се правни консултации за понатамоно решавање на нивниот статус.

Според „Пејпер Мил“, притоа, до донесување на конечните решенија статусот на вработените останува ист, односно тие остануваат вработени во фабриката, со целосно исполнување на законските обврски кон нив, исплата на плата и придонеси.

– Со жалење констатираме дека решението на Инспекторатот е базирано на резултатите на едно од десетиците направени мерења од страна на повеќе референтни и акредитирани домашни и странски лаборатории. Резултатите на единствената лабораторија која детектираше драстично отстапување, а кои ги уважи Инспекторатот доведоа до тоа што на фабриката и се наложи одвивање на производствениот процес само на метан, што во услови на глобална економска криза не обезбедува одржливост во работењето на компанијата – велат од „Пејепр Мил“.

Одлуката за прекин на работењето на неопределено време воопшто не била лесна со оглед на вложените инвестиции од седум милиони евра во изминатите пет години, потенцираат од „Пејпер Мил“ објаснувајќи дека имаат нарачана опрема за дополнително унапредување на технолошкиот процес која е планирано да пристигне кон средината на февруари и секако судбината на 120 семејства кои остануваат без егзистенција.

– Навистина е нејасна одлуката на Инспекторатот со која нé принудуваат целиот процес на производство да го префрлиме на метан, кој патем не е достапен во земјава, па мораме како да го увезуваме како компресиран гас чија цена за 5 години порасна речиси двојно. Не јасно е зошто Инспекторатот за животна средина одбира да уважи мерења на само една лабораторија, неземајќи ги предвид и игнорирајќи ги резултатите добиени од референтни и акредитирани лаборатории од ЕУ, што е спротивно на конвенциите кои ги има потпишано Република Северна Македонија со ЕУ, истакнува Даскалов, додавајќи дека од самиот почеток фабриката работи целосно транспарентно и согласно законите, максимално посветено на соработка со институциите и локалната самоуправа.

Би можело да ве интересира

ДИЖС: Методите на една од двете лаборатории што мереа во „Пејпер Мил“ не се прифатливи

Загадувачот „Пејпер мил“ од Кочани се затвора, не било исплатливо да работат на метан

Ана Василевска

Ако не ги исполни условите „Пејпер мил“ ќе добие забрана за работа

Катерина Ѓуровски