Секој четврти Русин веќе е отпорен на ковид-19, тврди функционерката Попова

Од:

Нивото на колективниот имунитет против Ковид-19 во Русија достигнал 26%, и покрај релативно ниската стапка на инфекција во споредба со другите земји, изјави денеска шефицата на Руската федерална служба за надзор на заштитата на правата на потрошувачите и благосостојбата на луѓето (Роспотребнадзор), Ана Попова.

„Во моментов, гледаме дека постои имунитет на стадо, а неговото ниво во земјата е околу 26%,“ рече Попова, која додаде дека бројката е највисока во големите градови, поради „специфичните одлики на епидемискиот процес.“

„Максималните бројки на колективен имунитет кај децата достигнуваат до 42 отсто, кај прегледаните деца под шест години, и до 38 отсто кај децата од 7 до 13-годишна возраст – возрасна група кај која се забележани најмалку случаи на заразување и тешки симптоми,“ вели Попова.

Нашата економија функционира, сите индустрии функционираат, научивме да работиме и развивме имунитет на стадо и покрај релативно ниската стапка на инфекција во споредба со другите, рече функционерката за време на сесија на владиното кризно тело за борба против пандемијата, во кое членуваат водечките епидемиолози и вирусолози од земјата.

Според Попова, Русија во моментов е на 60-то место во светот според бројот на заразени на 100.000 жители.

Би можело да ве интересира

Русија: Украинците подготвуваат напад на мостот на Крим, Западот им помага, а одмаздата ќе биде погубна

А1он

Изгореа 20 станбени и комунални згради во југоисточната руска република Бурјатија

Алаудинов: Ќе го уништиме НАТО до 2030 година

Додик отпатува за Русија

Полска е подготвена да распореди нуклеарно оружје на НАТО на своја територија

Загинаа двајца полицајци во напад во Русија