Бројот на оздравени ковид пациенти во гевгелиско со растечки тренд

Од:

Денешниот најнов биланс од ПЕ на Центарот за јавно здравје во Гевгелија покажува дека бројот на оздравени пациенти од Ковид-19 бележи евидентен пораст, бројот на новозаразени се намалува, а кривата на починати веќе е праволиниска што укажува на поволна епидемиолошка состојба во регионот, велат од болницата.

Според епидемиологот Сашо Олумчев,на приказот очигледно е веќе разијдувањето на кривите на оздравените и новозаразени пациенти и дека процентот на смртност од Ковид-19 во регионот е најнизок во земјава.

– Конечно имаме поволна епидемиолошка состојба на југоистокот,поточно во општините Гевгелија,Богданци и Дојран,кои се под наша надлежност,благодарение на 24 часовното ангажирање на здравствените работници,целиот медицински и помошен персонал,но секако и на граѓаните кои со дициплинирано,одговорно и совесно однесување дадоа голем придонес за подобрување на состојбата,рече Олумчев.

Епидемиологот Олумчев им честиташе на граѓаните за почитувањето на мерките за заштита од невидливиот противник и апелираше да продолжат така и понатаму оти само на тој начин ќе бидеме уште поуспешни во справувањето со коронавирусот.

Би можело да ве интересира

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Се случи најлошото, почина пациентка која не била примена на интензивна нега на Инфективна клиника

Катерина Ѓуровски

Вкупно 250 случаи на Ковид-19 во јули во државава

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

A1on

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски