ВИДЕО: Бизнисмени во Италија протестираа во долна облека

Од:

Петмина италијански бизнисмени денес протестираа пред зградата на парламентот во Рим на необичен начин, без панталони, барајќи да се укине даночната агенција која што ја обвинуваат за самоубиства не десетина свои колеги.

Бизнисмените ги снимаа камери, како го изразуваат своето незадоволство, со транспаренти на кои пишува „Убивате илјадници работни места“.

Тие бараат да се укине агенцијата „Еквиталија“, која што дава казни за неплатени даноци.

Според нив агенцијата допринела за полоша економска криза, прогонувајќи ги сопствениците на пропаднатите компании кои не платиле данок.

-Во изминатите 18 месеци, 162 бизнисмена се самоубија-истакна претседателот на „Кобас Импрес“, Џузепе Грацијани.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Се урна лифт во станбена зграда, повредени две жени и три деца во Палермо

Откриена е мафијашката мрежа Камора и Коза Ностра, една трага води до Балканот

Матарела повика на отстранување на бариерите кои го попречуваат влезот на италијанските производи на кинескиот пазар

Предраг Петровиќ

Силен земјотрес го погоди југот на Италија

ВИДЕО: Поплави, свлечишта, затворена железница и училишта во Италија

(ВИДЕО) Израел ги налути сојузниците: Престанете да пукате на силите на Обединетите нации

Катерина Ѓуровски