Малку е познато дека етеричните масла се природна и најефикасна заштита од инсекти. Многу масла ги одбиваат инсектите „веќе на првиот мирис“. Ако наскоро патувате на море, добро е со себе да понесете етерични масла на кедар, лаванда, роза, чемпрес и чајно дрво.
Лавандата е одличен избор кога се во прашање убоди од комарци, додека против крлежи се користи масло од чајно дрво, вели ароматерапевтот Мери Новосел.
– Доволно е да ставите неколку капки на дланките и да ги поминете изложените делови на телото (внимавајте на областа околу очите и слузницата), вели Новосел.
Убод од пчела
Трнот отстранете го со пинцета и на забоденото место ставете облог од една лажичка сода бикарбоба на која сте капнале 15 капки лаванда или камилица. Ако немате сода, етеричното масло помешајте го со вода и ставете на марамче.
Каснување од комарци или мравки
Неколку капки етерично масло од лаванда нанесете на местото на убодот.
Каснување од пајак
Неколку капки масло од чајно дрво и лаванда помешајте ги во лажичка оцет или алкохол и со смесата мачкајте го местото неколку пати на ден.
Убод од оса
Ставете студена облога натопена со етерично масло од лаванда или чајно дрво.
Изгореница од медуза
Надразнетото место темелно измијте го и нанесете чисто етерично масло од лаванда.
Каснување на крлеж или пијавица
На местото нанесете чисто етерично масло од чајно дрво. По 20 минути крлежот или пијавицата отстранете ја со прсти (доколку самите не отпаднале). Етеричното масло од чајно дрво нанесувајте го уште три пати дневно околу една недела за да се избегне инфекција.
Каснување од змија
Масло од лаванда ставете директно на раната и итно побарајте помош. Најдобро е никако да не се поместува лицето кое го каснало змија.