А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

СДСМ: Попис оваа пролет ќе има, ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски тоа нема да го спречи

by А1он15/01/2021 - 09:29208
Share0

„Република Северна Македонија има недостаток од квалитетни статистички податоци и токму затоа по речиси 19 години неопходно е потребен попис за да може државата подобро и порамномерно да се развива, да се креираат нови долгорочни развојни политики.

Добивај вести на вибер

Пописот мора да се одржи оваа пролет, откако последниот во 2011 година, не успеа поради неспособноста на ВМРО-ДПМНЕ, и никој не смее да го кочи или да го одолговлекува.

Мицкоски мора да сфати дека пописот е статистичка операција, а не политичка. Својата борба за фотелјата во белиот дворец треба да си ја води на други начини наместо да блокира се што е во интерес на граѓаните и државата“, соопштува СДСМ.

„Законот за попис, кој поставува услови за независна статистичка операција, нема да биде повлечен од Собраниска процедура, ниту пак ќе се поддржат неразумни предлози за одлагање на пописот.

Без разлика колку и да не им се допаѓа на ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски, попис оваа година ќе има по меѓународни стандарди.

Државата има електронски регистар на население кој ќе биде поврзан со уредите за попис и податоците ќе бидат споредувани со податоците на други 10 институции, што значи дека не е возможно да се попишат лица кои не постојат.

Пописот обезбедува прибирање на квалитетни и точни информации, со кои се овозможува сигурен и предвидлив развој на државата.

СДСМ работи во интерес на државата, во интерес на сите граѓани и токму затоа немаме намера да дозволиме ВМРО-ДПМНЕ да спречи уште еден попис“, се наведува во соопштението на СДСМ.

sdsm

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Младеновска: Црни владини кампањи како обид за прикривање на реалноста

Горан Наумовски05/04/2026 - 13:34

(ВИДЕО) Филипче: Владата на Мицкоски ја загрози егзистенцијата на земјоделците

Горан Наумовски05/04/2026 - 13:31

(ВИДЕО) Мицкоски: После следните избори СДСМ ќе биде маргинална политичка партија

Горан Наумовски04/04/2026 - 16:03

(ВИДЕО) Огњеновиќ: Владата да најде решение и УЈП да ги ослободи студентите од данок за „Work and Travel“

Горан Наумовски04/04/2026 - 10:15

СДСМ поднесе иницијатива до Уставен суд за Законот за внатрешни работи

Катерина Ѓуровски03/04/2026 - 11:3203/04/2026 - 11:49

(ВИДЕО) Поповиќ: Колку треба да поскапи лебот за Мицкоски да преземе мерки?

Горан Наумовски02/04/2026 - 16:09
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто