Дачиќ: Србија очекува Брисел да ги исполни претходно дадените ветувања

Од:

Српскиот премиер Ивица Дачиќ денеска изјави дека Србија очекува од Европската унија датум за почеток на преговорите за членство и изрази очекување дека Брисел ќе ги исполни претходно дадените ветувања.

– Ако Србија не добие датум сега, не е познато кога воопшто тоа ќе се случи. Условите беа јасни, договор за нормализирање на односите со Приштина, потоа договор за реализирање и план за спроведување и конечно одлука за датум, истакна Дачиќ.

Дачиќ предупреди дека ако оваа одредба не биде почитувана не се знае како ќе биде исполнет планот за нормализирање на односите со Приштина.

Српскиот премиер истакна дека по потпишувањето на договорот за нормализирање на односите меѓу Белград и Приштина во Србија и во Косово постои потреба од внесување измени во голем број законски и подзаконски акти.

– Ќе ги менуваме, во зависност од настанатата ситуација, изјави Дачиќ.

Би можело да ве интересира

Нема настава во училиштата во Србија поради протест на просветните работници

(ВИДЕО) Таткото на Александар исчезнат на Кипар објави снимка, смета дека е пронајден неговиот син

Предраг Петровиќ

„Парадата на гордоста“ ги преплави белградските улици

Предраг Петровиќ

Николоски: Ќе се гради гасен интерконектор меѓу Македонија и Србија

Лекот „диклофен“ oд 50 милиграми на „Галеника“ е повлечен од аптеките во Србија

Горан Наумовски

Стопанската комора на Србија отвора претставништво во Скопје