ВИДЕО: Пукање пред Градска, откако претходно влетал со автомобил

Од:

Има повредени од пукањето, кое неофицијално попладнево се случило пред Градската општа болница „Св.Наум Охридски“.

Болницата е опколена со полиција откако засега непознато лице влетало со автомобил „голф 5“, извадило пиштол и пукало.

Моментално се врши увид. Пред болницата е оставен автомобилот кој е со искршено задно стакло и видно оштетено, а веднаш до него е и пиштолот, кој неофицијално бил употребен.

Поради увидот, пристапот до болницата е забранет.

Пукањето пред болницата се поврзува со семеен настан каде исто така било употребено оружје, а се случил во скопско село попладнево.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Го лажел дека ќе му ја лекува сопругата во странство: му зел 88 илјади евра, жената починала

ФБИ му дојавил на МВР: Во Голема Речица уапсени двајца за нелегален онлајн пазар со промет од пола милион долари

80-годишник загина поправајќи трактор

Му се слошило додка возел на патот Кичево-Демир Хисар, излетал од патот и починал

Двајца Романци измамиле скопјанка за сума од околу 300.000 денари

Катерина Ѓуровски

Кривична за кумановец вработен во Управата за имотно-правни работи