Труење со јаглерод моноксид – потврдена причината за смртта на осумте тинејџери

Од:

Труење со јаглерод моноксид е причината за смртта на осумте млади во викендичка во близина на Посушје за новогодишната ноќ потврди анализата на вештачењето на резултатите од обдукцијата.

„Анализите потврдија дека кај сите осум лица во крвта е пронајдено количество на јаглерод моноксид кое е смртоносно“ – објави главниот жупаниски истражител Јосип Анчиќ.

Со ова се потврдуваат првичните претпоставки за причините за смртта во трагичниот инцидент кој го потресе регионот. На вештачење беше испратен и агрегатот кој го испуштал плинот од кој се задушија четирите девојки и четирите момчиња.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Во бели ковчези, закопани шестe трагично настрадани тинејџери

Ана Ололовска

Погребани двајца од осумте настрадани тинејџери кај Посушје

Катерина Ѓуровски

Детали за трагедијата во Посушје, отровниот гас навлегол преку подотворен прозорец

Катерина Ѓуровски

Осумте тела од трагедијата кај Посушје пренесени на обдукција, Ден на жалост во БиХ