Пелоси: Казни од 10.000 долари за конгресмените кои ќе одбегнуваат да бидат претресени на влезот во Капитол

Од:

Претседателката на Претставничкиот дом на американскиот Конгрес, Ненси Пелоси, најави дека сака да им изрече казни до 10.000 американски долари на пратениците кои ќе одбијат да минат низ скенер за оружје на влезот во Домот, поради немирите што се случија на 6 јануари кога приврзаниците на Трамп упаднаа во Конгресот.

Детекторите за метал во вторникот вечерта беа поставени на влезот во Претставничкиот дом кога конгресмените дискутираа за импичментот на Трамп поради упадот во Капитол, по што пет лица беа убиени.

Неколку републикански конгресмени биле забележени како ги заобиколуваат детекторите за метал, додека други се жалеле за причината за инсталирањето, соопштија бротанските медиумиРојтерс.

Пелоси најави дека кога Демократското мнозинство ќе се врати во Домот по 21 јануари, тие ќе изгласаат задолжителни казни за конгресмените кои не сакаат да ги следат правилата: 5.000 американски долари за првиот прекршок и 10. 000 долари за вториот прекршок, и таа сума ќе им биде одземена од платата.

Би можело да ве интересира

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Чувар на американската амбасада во Осло уапсен под обвинение за шпионажа

Горан Наумовски

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија

САД воведоа нови санкции против Русија