(ВИДЕО) Жерновски: ВМРО-ДПМНЕ со различни аршини кога е власт и опозиција

Од:

Градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски, одговарајќи на новинарски прашања по обвинувањата во дел од медиумите, рече дека му е сосема јасно дека кампањата против него ќе продолжи и ќе биде интензивна сите 4 години.

Но, вели, кога некој обвинува и пишува дека пари за изградба на детска градинка и училиште нема, и дека се пренаменуваат за други цели, треба и коректно да се каже дека ВМРО-ДПМНЕ и Тодоровиќ оставија празна каса, со однапред потрошен буџет за цела 2013 и дополнително кредити од 5,5 милиони евра.

„Оваа година нема да започне изградбата на основно училиште зошто касата е празна. Но сакам јасно да кажам дека средствата за училишта и градинки нема да се пренаменуваат за други цели. Добивме предупредување дека мора да се платат заостанатите сметки за парно, инаку училиштата ќе бидат исклучени од системот за греење. Новата спортска сала која е во изградба е во катастрофална состојба поради лошиот план и пропусти во изведбата, и тука се ангажираат дополнителни средства“, изјави Жерновски.

Градоначалникот посочи дека веднаш по седницата на Советот ќе се нарача проект за ново училиште.

922923_162108287294268_1584913174_n

„Во првите 4 недели ние ќе го направиме она што ВМРО-ДПМНЕ не го стори за 4 години“, рече Жерновски.

Градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски, објави и документ, на кој е потпишан поранешниот градоначалник Владимир Тодоровиќ, за пренамена на Детален урбанистички план.
Затоа, вели е несватливо од каде сега обвинувањата, во дел од медиумите блиски до власта, дека наводно се кршат законите, бидејќи на седница на Советот в петок е ставена точка за измени во ДУП-от.

„Не може ВМРО-ДПМНЕ да има различен аршин кога е на власт и кога е во опозиција“, изјави Жерновски.

8636_162108337294263_1436457198_n

Би можело да ве интересира

Лабудовиќ: Редарска служба, засилени полициски патроли и современ систем за безбеден Центар

Предраг Петровиќ

Герасимовски: Продолжува проектот „Сервис за стари лица“ , поддршка за 90 пензионери во Центар

Запалени возила низ Скопје, ноќеска гореше и во Кисела Вода и кај Зелен пазар

Катерина Ѓуровски

Деца во градинка во Центар пронашле наркомански шприц во дворот, ја кршеле иглата и се гребеле

Предраг Петровиќ

ВМРО-ДПМНЕ: Општина Центар пропаѓа, Герасимовски и Филипче позираат пред евтини шминка мурали на запуштени згради

Во Центар изгореа четири возила