ГАЛЕРИЈА: Надреални слики во Вашингтон – стотици војници спијат во холовите на Конгресот

Од:

Фотографиите од внатрешноста на Капитол во Вашингтон кои денеска ги пренесоа медиумите, изгледаат како сцени од холивудски филм – стотици припадници на Националната гарда, дојдени за да ја обезбедуваат седницата на долниот дом на парламентот на која се расправа за отповикување на претседателот Доналд Трамп, одмораат во ходниците на американскиот законодавен дом.

Војниците, во полна воена опрема, се распоредени низ целата зграда на Конгресот, за да ја обезбедат седницата на која Претставничкиот дом треба да одлучи за импичмент на претседателот во заминување, по најавите за нови протестни собири и ризикот од повторување на насилството од минатата недела. Минатата среда, приврзаници на Трамп упаднаа во Капитол, обидувајќи се да ја спречат потврдата на победата на Џо Бајден на претседателските избори.

Според американските медиуми, ова е првпат војската да влезе во американскиот Конгрес од Граѓанската војна (1861-1865). Најавено е дека во Вашингтон до 20 јануари, за кога е закажана инаугурацијата на Бајден, ќе бидат распоредени околу 10.000 припадници на Националната гарда.

Би можело да ве интересира

Започнуваат најважните мировни преговори меѓу Европа и САД

Данска ќе испрати војници на обука во Украина

Блумберг: САД ги намалуваат проценките за долгот на Украина за 200 милијарди долари

Кина сега се соочува со царина од 245 отсто за увоз во САД

Иран ги објави своите недопирливи црвени линии

Стејт департментот потврди: Бринк ја напушта Украина