Лајчак: Словачка дава поддршка на Србија

Од:

Шефот на словечката дипломатија, Мирослав Лајчак порача во Белград дека Словачка дава поддршка за отворање на пристапните преговори помеѓу Србија и ЕУ.

Лајчак српскиот колега и министер за надворешни работи, Иван Мркиќ го запозна со расположението во ЕУ, во поглед на очекуваната одлука за датум, за почеток на пристапните преговори со Србија.

Тие на состанокот заклучиле дека во ЕУ владее оптимизам, кој оди во прилог на Србија, поради одлуката и однесувањето на нејзиното раководство.

Словачкиот министер на средбата нагласи дека е задоволен од тоа што го направи Србија, во поглед на реформите во државата и на надворешнополитички план.

Во соопштенито на српското министерство стои дека министрите размениле информации за се што е релевантно за Србија во овој момент.

Лајчак во текот на денот ќе се сретне и со претседателот на Србија, Томислав Николиќ, премиерот Ивица Дачиќ, првиот потпретседател на владата, Александар Вучиќ и потпретседателката за европски интеграции Сузана Грубјешиќ.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Нема настава во училиштата во Србија поради протест на просветните работници

(ВИДЕО) Таткото на Александар исчезнат на Кипар објави снимка, смета дека е пронајден неговиот син

Предраг Петровиќ

„Парадата на гордоста“ ги преплави белградските улици

Предраг Петровиќ

Николоски: Ќе се гради гасен интерконектор меѓу Македонија и Србија

Лекот „диклофен“ oд 50 милиграми на „Галеника“ е повлечен од аптеките во Србија

Горан Наумовски

Стопанската комора на Србија отвора претставништво во Скопје