Завршија градежните работи за пренаменување на дел од градската скривница на просторот под градскиот плоштад во уметничка галерија, информираа денеска од Општина Струмица.
– Вкупната корисна површина на пренаменетиот простор изнесува 319 метри квадратни, а има изложбен простор, депо за слики, дневно депо, канцеларија, бифе и простор за седење, санитарни јазли, а ќе биде и место и каде што ќе може да се организираат приеми, промоции и слични настани, додаваат во информацијата од Општината.
Вкупната вредност на проектот е 7.436.138 денари, средства обезбедени од Општина Струмица и Министерството за култура.
Во тек и изградбата на настрешница на влезот во Уметничката галерија, која се очекува да заврши во текот на март оваа година кога и официјално галеријата ќе биде предадена во употреба.