Бајден се надева на традиционална инаугурација, но се поизвесна е виртуелната

Од:

Инаугурацијата на новоизбраниот американски претседател Џо Бајден ќе се одржи на 20 јануари, но иако се очекува таа да биде главно виртуелна, тој и понатаму се надева дека церемонијата ќе се спроведе традиционално, на скалите на Капитол Хил.

Не е планирано одржување на најпосетената парада низ авенијата Пенсилванија во чест на идниот претседател и нема да има ниту свеченост или мали прослави на кои присуствуваат гости од списокот А на инаугурацијата, пишува британски Индипендент.

Наместо тоа, новоизбраниот шеф на државата соработува со организаторите на виртуелниот спектакл на демократската национална конвенција, одржана во октомври минатата година.

Ваква инаугурација е резултат на пандемијата на коронавирусот, имајќи предвид дека Бајден се определи за виртуелни настани со цел да се спречи ширењето на Ковид-19.

Зборувајќи за плановите за инаугурација, Бајден истакна дека постојат голем број виртуелни настани, на кои присуствуваат дури и повеќе луѓе отколку вообичаено.

Бидејќи инаугурацијата се смета за посебен настан за националната безбедност, таа ќе биде организирана на највисоко безбедно ниво во соработка со ФБИ и други сојузни разузнавачки агенции.

Додека Бајден продолжува со планирање на својата инаугурација, некои извештаи наведуваат дека Трамп планира истовремено да одржи свој спектакл, потенцијално започнувајќи „кампања пред кампања“ за следните избори во 2024 година, пишува британскиот весник.

Би можело да ве интересира

Трамп бара Бајден да помине тест за дрога пред нивниот ТВ-дуел

Три лица загинаа во авионска несреќа во САД

(ВИДЕО) Нова драма во САД: Брод удри во мост, се излеа нафта, спасувачките служби го блокираа сообраќајот

Горан Наумовски

Бајден го осуди атентатот врз словачкиот премиер Роберт Фицо

Бајден го покани Трамп на ТВ-дуел: Разубави ми го денот пријателе, слушам дека си слободен во среда

Волстрит порасна, но инфлацијата во САД не се намалува