Гостиварец натепал девојка, полицијата го лишила од слобода

Од:

Дваесетгодишен гостиварец синоќа е лишен од слобода откако бил пријавен дека во два наврати тепал девојка и најверојатно ќе биде осомничен за физичко насилство.

Според СВР Тетово, вчеравечер (12 јануари) околу 22 часот и 45 минути на улица „Ленинградска“ во Гостивар, полициски службеници на ОВР Гостивар го лишиле од слобода М.М. (20) од Гостивар. Тој, претходно во два наврати на улиците „Мара Угринова“ и „ЈНА“ во Гостивар, физички ја нападнал гостиварката А.М. (22) од сè уште непознати причини.

М.М. е задржан во Полициската станица Гостивар за расчистување и документирање на случајот, по што против него ќе следува соодветен поднесок.

Би можело да ве интересира

Кавадарчанка го истепала шестмесечното бебе

Катерина Ѓуровски

Хорор во дебарско: Жена грабната од дома, претепана и силувана

Пијана девојка направила хаос на бензинска во Кавадарци

Остатоци од човечко тело пронајдени во кавадаречко Сопот, предадени за обдукција и ДНК анализа

Катерина Ѓуровски

Починат велешанец пронајден на земјен пат во Општина Чашка

Поставена бомба во автомобил на скопјнец , куршуми пронајдени во автомобилот на брат му