Градоначалничката на Амстердам сака на туристите да им забрани да влегуваат во кафулињата со марихуана

Од:

Градоначалничката на Амстердам, Фемке Халсема, предлага забрана за влез на туристите во познатите кафулиња низ градот во кои се продава марихуана.

-Голем број туристи доаѓаат во Амстердам само за консумирање на лесните дроги, а таквите туристи станаа досадни, изјави Халсема на јавната телевизија.

Градоначалничката Халсема, членка на Зелената партија ГроенЛинкс, на фунцкијата е од 2018 година.

-Амстердам е космополитски град и ние сакаме туристи, но би сакале тие да доаѓаат поради неговата убавина и култура, рече таа.

Канабисот технички е незаконски во Холандија, но поседувањето на помалку од пет грама за лична употреба е декриминализирано уште од 1976 година.

Халсема на Градскиот совет му предложи уредба според која во кафулињата со канабис ќе може да влезат само оние што ќе покажат холандски пасош. Таа се надева дека градот со тоа ќе престане да биде дестинација за „туризам на меките дроги“.

Во Холандија има 570 кафулиња во кои може да се купи и консумира марихуана, а само во Амстердам ги има 166.

Би можело да ве интересира

Напад во Ротердам: Едно лице е убиено, а друго тешко рането во холандскиот пристанишен град

Холандија и донира на Украина 24 авиони Ф-16, може да ги користи за цели во Русија

Катерина Ѓуровски

Холандија е дисквалификувана од Евровизија

Холандскиот непријател број еден по грешка е ослободен од затвор

Горан Наумовски

Холанѓанец ја тужи државата и полицијата бидејќи го ставиле на списокот на потенцијални терористи

Холандија и дава уште 400 милиони евра на Украина