Дачиќ: Србија очекува датум, а не зелено светло

Од:

Европскиот совет најверојатно во јуни ќе одобри почеток на преговорите со ЕУ изјавија за „Блиц“ повеќе извори од власта.

Во тој случај се очекува првата рунда на преговори да биде оддржана во ноември.

-Србија не очекува зелено светло, ниту какви било условни датуми, туку конкретен датум за почеток на преговорите за членство во ЕУ. Одлуката за датумот треба да биде донесена сега и за неколку месеци да започнат преговорите – истакна српскиот премиер Ивица Дачиќ.

Тој ја демантираше изјавата на директорот на владината Канцеларија за ЕУ Милан Пајевиќ дека „Србија во јуни нема да добие датум, туку само зелено светло“ за почеток на преговорите.

-Србија го заврши својот дел од работата. Не само што го потпиша бриселскиот договор, туку потпиша и план за негова примена – нагласи Дачиќ.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Нема настава во училиштата во Србија поради протест на просветните работници

(ВИДЕО) Таткото на Александар исчезнат на Кипар објави снимка, смета дека е пронајден неговиот син

Предраг Петровиќ

„Парадата на гордоста“ ги преплави белградските улици

Предраг Петровиќ

Николоски: Ќе се гради гасен интерконектор меѓу Македонија и Србија

Лекот „диклофен“ oд 50 милиграми на „Галеника“ е повлечен од аптеките во Србија

Горан Наумовски

Стопанската комора на Србија отвора претставништво во Скопје