СДСМ: Заштитата на животната средина е приоритет, до 20 пати зголемени казните за прекршоци против животната средина

Од:

„Заштитата на животната средина, со ефикасни мерки за обезбедување на еколошки чиста и здрава околина, чист воздух и вода, претставува живеење по европски стандарди и вредности.

Токму затоа СДСМ преку стратешката рамка на Владата „Акција 21“ презема сериозни чекори за заштита на животната средина.

Казните за прекршоци против животната средина се зголемени до 20 пати, воведена е 24 часовна контрола на Државниот инспекторат за животна средина и на локалните инспекторати“, велат СДСМ.

„Министерството за животна средина и просторно планирање подготвува закон со кој ќе се формира комунална полиција на локално ниво, со која досегашните комунални инспектори и екопатроли ќе можат заеднички да преземаат мерки против загадувачите.

Како дел од програмата за намалување на аерозагадувањето годинава се предвидени 100 милиони денари за објекти за општините за замена на нееколошки системи за греење, зголемување на енергетската ефикасност како и обновување на урбаното зеленило.

Оваа година продолжуваат инвестициите во замена на нееколошките системи за греење и до 2024 година ниту една државна институција нема да користи загадувачки енергенси.

За заштита на животната средина еден од главните приоритети во 2021 година е зголемување на процентот на заштитени природни подрачја.

Годинава продолжуваме со постапката за Шар Планина да се развива како национален парк и ќе се донесат планови за управување со националните паркови Пелистер, Галичица и Маврово, како и планови за управување со заштитените подрачја.

Паралелно тече постапката за прифатливост за прогласување на дел од Осоговските Планини за заштитено подрачје, постапка за прифатливост за прогласување на локалитетот Студенчишко Блато за парк на природа, како и на дел од Водно за заштитен предел.

Од државниот буџет со 70 милиони евра ќе се финансира еколошки чистиот и брз автобуски систем во Скопје со цел обезбедување чист воздух во главниот град.

Истовремено, ќе продолжат и субвенциите за набавка на инвертер клими за дополнителни 5000 домаќинства.

СДСМ силно и бескомпромисно се бори за заштита на животната средина, на природните богатства.

За поквалитетен живот на сите граѓани, ги носиме европските вредности дома“, соопштува СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Тренчевска: Вториот ребаланс е комплетен фискален пораз на неодговорната политика на власта – последиците ги трпат граѓаните

СДСМ: Со ребалансот нема пари за минимална плата од 600 евра, има нови долгови за граѓаните

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Каде се анкетите на Венко што рече дека ќе ги обзнани во јавноста уште пред две недели?

СДСМ: Следуваат нови поскапувања додека Мицкоски ги одбива сите мерки за поголеми плати и помош на граѓаните

МОН со жесток одговор до СДСМ за „Стив Наумов“: „Четири ваши министри не успеаја да сврзат две цигли“