Вооружени групи планираат „голем бунт“ во САД ако се активира 25-от амандман

Од:

Вооружена група планира „голем бунт“ во Вашингтон, доколку Доналд Трамп биде отстранет со 25-от амандман, јавија американски медиуми, повикувајќи се на Федералното биро за истраги (ФБИ).

На истражителите им било кажано дека ако „Конгресот се обиде да го отстрани со 25-от амандман, ќе се случи голем бунт“, се наведува во дневниот билтен на ФБИ, јави Еј-Би-Си Њуз.

ФБИ исто така добиле информација дека екстремистичките приврзаници на Трамп повикуваат и на „упад“ во зградите на државните, федералните и локалните власти пред инаугурацијата на Џо Бајден.

– Вооружени протести се планираат во сите 50 државни главни градови од 16 јануари до најмалку 20 јануари, а на Капитол од 17 јануари до 20 јануари, се наведува во билтенот на ФБИ, јави телевизијата.

Би можело да ве интересира

Започнуваат најважните мировни преговори меѓу Европа и САД

Трамп го отфрли планот за напад на иранските нуклеарни постројки

Горан Наумовски

Калас: Не знам зошто Трамп го обвини Зеленски за војната во Украина

(ВИДЕО) Бајден го одржа првиот говор откако ја напушти Белата куќа, веднаш го нападна Трамп

Горан Наумовски

Трамп размислува за нови царини

Блумберг: САД ги намалуваат проценките за долгот на Украина за 200 милијарди долари