Претседателот на Комисијата на Претставничкиот дом за правила на пратениците, Џим Мекговерн, изјави дека очекува в среда да се гласа за обвинителен акт и отповикување на американскиот претседател Доналд Трамп, додавајќи оти ќе биде изгласано.
– Важно е да се дејствува и да се дејствува многу сериозно и со цел. Очекуваме (обвинителниот акт) да влезе на пленарна седница в среда. Исто така, очекувам да биде усвоен, изјави Мекговерн во интервју за Си-Ен-Ен.
Мекговерн додаде дека очекува републиканските конгресмени да се спротивстават на барањето за резолуција со која се бара потпретседателот Мајк Пенс да се повика на 25-от амандман на Уставот на САД и да го тргне Трамп од власт.
Во тој случај, неговиот Комитет ќе изготви правило за доставување на овој предлог-закон за гласање, а потоа, 24 часа подоцна, ќе достави нова резолуција што се однесува на отповикувањето (импичмент).
– Тоа што овој претседател го направи е неморално и тој мора да одговара за тоа, нагласи Мекговерн.