Делови од централна Шпанија парализирани од снежна бура

Од:

Главниот град на Шпанија се обидува да се врати во нормала по снежното невреме, невидено во последните 50 години, што го парализираше Мадрид и големите делови на централна Шпанија минатиот викенд, пренесуваат локалните медиуми.

Земјата е под влијание на леден бран, што ја забави масовната вакцинација против коронавирус.

Поради денешниот значителен пад на температурата и снежните врнежи од над 50 сантиметри во некои урбани средини, властите апелираа до граѓаните да избегнуваат патувања и да останат дома.

Околу 700 сообраќајници во Шпанија се покриени со снег, поради што властите потсетуваат дека се потребни зимски гуми или синџири за речиси половина од патната мрежа.

Властите во Мадрид апелираа до граѓаните да остават слободна по една лента во секоја насока за амбулантни возила, војска, булдожери и механизација за чистење снег.

Повеќето продавници во Мадрид денеска се затворени, работат само неколку супермаркети, а најсигурно превозно средство е метро.

Авионите слетуваат и полетуваат од аеродромот во Мадрид помалку од вообичаеното, но се очекува целосно нормализирање на воздушниот сообраќај.

Во регионите Кастиља-ла-Манча, Мадрид и многу други, училиштата денеска се затворени.

Во невремето загинаа четири лица, а околу 1.500 луѓе беа завеани во своите возила, некои повеќе од 24 часа.

Би можело да ве интересира

Македонски автобус заглави во снегот во Србија, се излизга и удри во банкина

Катерина Ѓуровски

Утре повремен снег претежно во западните делови

Снег паѓа во северозападна Хрватска

На Јахорина паднаа 30 сантиметри снег, се очекуваат нови врнежи

(ВИДЕО) Во Србија снегот направи големи проблеми: „Прст пред око не се гледа“

Првиот човек на Валенсија одбива да поднесе оставка за грешките за време на поплавите