Руската вакцина против коронавирус „Спутник V“ на 15 јануари ќе започне со производство во Бразил, објави производителот на вакцини на Твитер.
„Бразил ќе започне со производство на Спутник V на 15 јануари“, објави Рускиот фонд за директни инвестиции (РДИФ).
Бразилската фармацевтска компанија Униао Квимика (Uniao Quimica) објави прием на материјал за производство на вакцината „Спутник V“ од Русија и го најави своето производство во фабриките во главниот град на Бразил.
Компанијата, како што се наведува, ќе побара од националниот регулатор дозвола за итна употреба на вакцината во Бразил, што ќе овозможи да биде вклучена во националниот план за вакцинација.
На 8 јануари, бразилската Национална агенција за санитарна инспекција Анвис побара дополнителни информации за руската вакцина против коронавирус.