Протест во Прага против „ковид-тиранијата на чешката влада“

Од:

Повеќе од 2.000 Чеси, наместо дозволените максимум 100 луѓе, се собраа денес на стариот градски плоштад во центарот на Прага да протестираат против „ковид-тиранијата на чешката влада“. Тие бараат да се отвори Чешка најдоцна до 23 јануари, санитарните мерки да бидат укинати и Чесите да започнат да живеат нормален живот.

„Мерките против епидемијата воведени од оваа влада не функционираат и никогаш нема да успеат. Напротив, тие штетат на нас, на вас, на целата нација“, рече Јиржи Јанешек во име на чешките угостители чии ресторани се затворени од есента.

„На овие демонстрации, ќе го објавиме отворањето на Чешка. Ние нема да ги почитуваме владините мерки што не функционираат, туку напротив предизвикаа далеку пострашна пандемија на сиромаштија, невработеност, компании што пропаѓаат и недостаток на образование”, рече Давид Биксадски, модератор на демонстрациите во центарот на Прага.

Голем дел од учесниците на протестот не носеа заштитни маски, но носеа транспаренти со пораки „Да го запреме тоталитаристичкиот систем во име на ковид“, „Ние не сме овци“, „Во понеделник на училиште“ и слично.

Би можело да ве интересира

Маж зема воспитувачка како заложник, па и се закануваше со нож, драма во градинка во Чешка

Мигранти пронајдени во камион во Чешка, една жена почина

Маж со нож рани три лица на бензинска пумпа во Прага

Страшна несреќа во Чешка: Повредени се пет лица

(ВИДЕО) Судар на возови во Чешка: четворица мртви, десетици повредени

Катерина Ѓуровски

Чешкиот претседател имаше сообраќајка, пренесен е во болница