Приведени крадците што украдоа пари од банкомат во Гостивар

Од:

СВР Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар ја расчисти тешката кражба која на 1-ви минатиот месец беше извршена од банкомат, поставен во маркет во Гостивар и до Основното јавно обвинителство Гостивар поднесе кривична пријава против пет лица: М.А.(32) и Р.Р.(33) од скопско Долно Свиларе, Н.Р.(47) и А.Б.(36) од скопско Арачиново и против 24-годишната М.К. од Република Албанија.

Како што информира МВР, Н.Р. и А.Б. утринава се лишени од слобода, а Р. Р. издржува притвор за друго кривично дело.

Пријавените се сомничат дека со употреба на сила од банкомат одзеле 1,8 милиони денари.

Приведените со соодветен поднесок денеска ќе бидат изведени пред судија на претходна постапка во Основниот суд Гостивар.

Би можело да ве интересира

Скопјанец украл кредитна картичка од познаничка и подигнал 1.700 евра

Кражба на кабел за фотоволтаици, направена е штета од 15.000 евра

А1он

Службеник од Прилеп крадел пари од касата на локалната градска болница

Украл возило и возел под дејство на алкохол, па излетал од патот

Полицијата уапси тројца крадци кои ограбиле фирма

Скопјанец украл 10 илјди евра од менувачница