(ВИДЕО) Коциќ: Бројот на заболени од коронавирусот се намалува, следува масовна имунизација против Ковид-19

Од:

Почитувањето на мерките и задолженијата за заштита од коронавирусот од страна на мнозинството граѓани, како и засилените контроли и инспекции од страна на институциите, придонесоа бројот на заболени и хоспитализирани да се намали, изјави на денешната прес-конференција пратеникот од СДСМ, Ненад Коциќ.

Сепак, како што рече тој, ова не е момент за опуштање, туку напротив, сите треба да продолжиме доследно да ги почитуваме мерките за заштита од Ковид-19.

„Првите вакцини пристигнуваат веќе од наредниот месец. Обезбедени се 800.000 вакцини за цела 2021, а првите дози од вакцината на ‘Фајзер’ ги очекуваме веќе во февруари. Институциите се подготвени, следува процес на имунизација на целото население, за конечна победа над пандемијата“, најави претставникот на владејачката партија.

Коциќ посочи и дека државата преку два други механизи ќе обезбеди дополнителни дози на вакцини против коронавирусот, кои би биле доволни за имунизација на околу 60 отсто од населението

„Едниот од нив е ‘Ковакс’ механизмот каде се очекуваат уште 833.000 дози на вакцини, а како трет механизам се преговорите со земји членки на ЕУ кои се подготвени да отстапат дел од нивните вакцини. Вкупно, преку сите три механизми во оваа година треба да се обезбеди вакцинација за 1,2 милиони жители на Северна Македонија, односно за околу 60 отсто од вкупното население“, посочи пратеникот од СДСМ, додавајќи дека вакцинацијата е последната фаза од борбата против вирусот.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Тренчевска: Вториот ребаланс е комплетен фискален пораз на неодговорната политика на власта – последиците ги трпат граѓаните

СДСМ: Со ребалансот нема пари за минимална плата од 600 евра, има нови долгови за граѓаните

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Каде се анкетите на Венко што рече дека ќе ги обзнани во јавноста уште пред две недели?

СДСМ: Следуваат нови поскапувања додека Мицкоски ги одбива сите мерки за поголеми плати и помош на граѓаните

МОН со жесток одговор до СДСМ за „Стив Наумов“: „Четири ваши министри не успеаја да сврзат две цигли“