Традиционално, мохито е коктел кој подготвува со пет состојки: бел рум, кафеав шеќер, сок од лимета (зелен лимон), природна газирана минерална вода и свежо нане.
Во оригиналниот кубански рецепт се користи посебен вид нане (yerba buena) кое расте на островот и кое во комбинација со слаткиот вкус на кафеавиот шеќер, освежителната нота на цитрусот и вкусот на ментол му даваат моќен вкус на алкохолот и го прават овој коктел еден од најпознатите и најконзумирани летни пијалоци.
Овој коктел има релативно низок процент на алкохол (околу 10% алкохол). Мохитото беше најомилениот пијалок на познатиот писател Ернест Хемингвеј. Тој отворил бар под името “La Bodeguita del Medio” каде се служел најмногу овој коктел. Барот станал многу познат и посетен и поради поради неговиот познат сопственик, но и поради познатиот пијалок.
Потребно е:
1 лажица кафеав шеќер
7 ливчиња свежо нане
1 лимета, исечена на 4 кришки
2 лажици сок од лимета
100 мл природна газирана минерална вода (или сода вода)
2 лажици бел рум
5 коцки лед
Подготовка:
– Листовите нане, парчињата лимета и шеќерот ставете ги во дрвен сад со дрвен чук.
– Префрлете ги во стаклена чаша за служење горните состојки и додадете ја минералната вода, румот, сокот од лимета и измешајте.
– На крај додадете ги коцките лед и послужете.
Совет: Се служи свежо подготвен.
Идеја: Рабовите на чашата пред да ги ставите состојките можете малку да ја наквасите со вода и да ја поминете чашата низ шеќер. Дел од шеќерот ќе се нафати по нејзините рабови.
Исто така може да пресечете едно тркалце од лимета, да го засечете и да го прицврстите на работ на чашата.