Мицкоски: Што содржи Анексот на Договорот од Бугарија кој Заев го крие од јавноста?

Од:

Mинистер од бугарската Влада денеска потврди дека постои Анекс од 12 точки кој е даден до македонската Влада, а според информациите со кои располагам е со исклучително лоши позиции за македонскиот идентитет, објави на социјалните мрежи лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Тој потсетува дека само пред три месеци во интервју посочил дека постои Анекс на Договорот со Бугарија.

„Тогаш од Заев, неговите немоќни соработници и владината лажлива пропаганда бев нападнат дека ширам невистини“, пишува Мицкоски додавајќи дека има две прашања до Владата.

„Ќе се извини ли власта што ширеше лажни вести, и второто, што содржи анексот од 12 члена кој Владата го крие од очите на јавноста?“, праша лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

Преходно денеска бугарскиот вицепремиер и министер за одбрана Красимир Каракачанов во телевизиско интервју изјави дека Северна Македонија има шанса да добие датум за преговори во јануари или февруари, ако го потпише анексот од 12 точки што го доставила бугарската страна.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Нема да има уставни измени без гаранција за правата на Македонците во Бугарија и без потврда дека ова е последна отстапка

Бугарија го оспорува Акцискиот план за малцинства затоа што бил на македонски јазик, вели Мицкоски

Мицкоски повтори дека нема намера да го менува Уставот без гаранции од Европската унија

Вајц се надева дека земјава по локалните избори ќе ги направи уставните измени за внесување на Бугарите

Изјавите на словачкиот претседател за Македонија ја налутија Софија

Муртезани: Кај премиерот и Владата постои сериозна одлучност за надминување на спорот со Софија по изборите

Катерина Ѓуровски