Уапсен е полуголиот демонстрант со крзно и рогови кој упадна во американскиот Конгрес

Од:

Џејк Ангели, односно Џејкоб Ентони Чесли, демонстрантот кој предизвика големо внимание со својот изглед, а вo средата упадна во американскиот Конгрес, денеска е уапсен, пренесуваат американските медиуми.

Ангели доаѓа од Феникс, Аризона, и се наоѓаше на листата на полицијата на осомничени лица за упадот.

Тој се наоѓа во притвор, а се сомничи за свесно влегување и упад без законско овластување и за насилно однесување во американскиот Капитол. Пред федералниот суд во Феникс треба да се појави следната недела.

Ангели упадна во објектот гол до половината, а носеше наметка од крзно и рогови, што го направи еден од најфотографираните демонстранти. На лицето му беше исцртано американското знаме.

Тој признал дека е човекот од фотографиите во медиумите, а американската полиција соопшти дека изјавил дека „патувал со други патриоти од Аризона, поради повиците на Трамп сите патриоти да дојдат во Вашингтон на 6 јануари 2021“. Ангели одбил да каже што работи.

Ангели е еден од тројцата демонстранти кои се уапсени денеска, а во врска со насилните настани во Капитол за поддршка на претседателот во заминување Доналд Трамп.

Би можело да ве интересира

Започнуваат најважните мировни преговори меѓу Европа и САД

Блумберг: САД ги намалуваат проценките за долгот на Украина за 200 милијарди долари

Кина сега се соочува со царина од 245 отсто за увоз во САД

Иран ги објави своите недопирливи црвени линии

Стејт департментот потврди: Бринк ја напушта Украина

Иран попушти: „Ќе преговараме со главниот непријател“