Од сигурна смрт, кај Валона спасени 50 сириски имигранти

Од:

Припадниците на албанската крајбрежна служба, поморската патрола на Гуеарда ди финанца и полицијата од Валона, од сигурна смрт, во текот на ноќта, спасиле 50 имигранти од Сирија, меѓу нив жени и деца кои останале на отворено и немирно море при обид да поминат илегално со гумен чамец кон Италија.

Чамецот,поради дефект, останал блокиран неколку часа во морската шир во близина на местото каде во морето се влева реката Вјоса а надлежните интервенирале откако по телефонски повик од самите имигранти биле известени дека се во опасност да се удават поради големи бранови и силна морска струја.

-Акцијата за спасување беше спроведена во многу неповолни временски услови,силен дожд, ветер, големи бранови, силна морска струја. Гумениот чамец со имигрантите, вклучително и жени и деца, бил оставен на отворено море а беа евакуирани со два воени брода на крајбрежната стража и Државната полиција од Валона. Се трага по две лица,трговци на луѓе, кои откако ја забележале крајбрежната патрола се дале во бегство со друг помал чамец, стои во полициското соопштение.

Имигрантите требало да бидат префрлени до италијанскиот брег за што платиле по 2.000 евра по човек.

Во регионалната болница во Валона се хоспитализирани 16 лица, додека девет други, меѓу нив и жени и три деца под 10- годишна возраст се транспортирани во Клиниката за трауматологија во Тирана.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Масновните рации и депортации, Трамп ќе ги почне уште првиот ден: Чикаго прв на удар

Катерина Ѓуровски

Мелони: Намалувањето на приливот на нерегуларни мигранти во Италија е резултат на големата работа на владата

Приведени двајца криумчари на мигранти

Кичевчанец шверцувал петмина мигранти од Кина

Горан Наумовски

Пронајдени десет мигранти во две возила на преминот „Богородица“

Горан Наумовски

Повеќе од 35.000 мигранти пристигнаа во Велика Британија оваа година