Кери го предупреди Израел дека можеби ја има последната шанса за мир со Палестинците

Од:

Американскиот државен секретар Џон Кери го предупреди Израел дека можеби ја има последната шанса за постигнување мировен договор со Палестинците.

– Времето не притиска. Поволните можности е реткост. Доколку не успееме сега, можеби нема да имаме друга шанса, предупреди Кери на средба со американската еврејска организација во Вашингтон.

Тој исто така нагласи дека САД нема да му дозволат на Иран да се стекне со нуклерано оружје.

Американскиот државен секретар следната недела повторно ќе го посети Блискиот Исток, изјави вчера палестинскиот министер за надворешни работи Ријад ал Малки. Тоа ќе биде петта посета, откако Кери ја зазеде функцијата.

Израелско-палестинските мировни преговори се замрзнати од септември 2010 година.

Би можело да ве интересира

Америка потврди: Им дадовме зелено светло, можат да нападнат

Бајден и Макрон ќе објават прекин на огнот меѓу Израел и Хезболах

Либан: Нема сериозни пречки за започнување на прекин на огнот

ВИДЕО: Израелски напад во центарот на Бејрут, четворица мртви и десетици повредени

Катерина Ѓуровски

Трудо: Канада ќе ја почитува пресудата на Меѓународниот кривичен суд за Нетанјаху, Галант и Ал Масри

Бејрут и денеска е цел на израелската армија