Леброн Џејмс распали по Трамп: Тој не сака никого освен себе

Од:

Ѕвездата на американската и светската кошаркарка, Леброн Џејмс, го впери прстот во претседателот во заминување Доналд Трамп како главен виновник за хаотичните сцени што во средата се случија во зградата на Конгресот во Вашингтон.

Стотици приврзаници на Трамп упаднаа завчера во Капитол Хил во обид да спречат потврда на изборната победа на неговиот наследник на должноста Џо Бајден. Во немирите животот го загубија четири лица, а вкупно 52. беа уапсени.

Откако состојбата се смири, Конгресот ја потврди изборната победа на Бајден, кој на должноста американски претседател официјално ќе стапи на 20 јануари.

„Живееме во две Америки“, истакна ѕвездата на НБА шампионот Лос Анџелес Лејкерс.

– Сето ова што се случи е директно поврзано со претседателот, неговите постапки, уверувања и желби. Ги гледавме неговите твитер пораки на целиот пат до ова уништување, оцени Леброн Џејмс, кој е познат како жесток критичар на Трамп и борец против расната дискриминација во САД.

– Тој не се грижи за никого освен за себе. За никого. Апсолутно никого. Не му е грижа за оваа земја. Не му е гајле за неговото семејство. Тој не се грижи за никого освен за себе, напиша Џејмс.

Би можело да ве интересира

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија

Мет Гаец нема да биде државен обвинител на САД

САД воведоа нови санкции против Русија

САД испраќаат голем пакет помош за Украина

Американскиот секретар за одбрана: За 1.000 дена војна Путин не постигна ниту една стратешка цел