Во ковид центрите во Скопје во последното деноноќие хоспитализирани 18 лица

Од:

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализрани 18 нови пациенти поради компликации од корона вирусот. Вкупно 355 лица се лекуваат на инфективните оддели во главниот град. Голем дел од пациентите се на кислородна поддршка.

Во последното деноноќие, на интерните клиники имало 10 приеми и тоа по еден пациент бил хоспитализиран на Клиниката за Гастроентерохепатологија, на Клиниката за дерматологија, на Институтот за ТБЦ и на Клиниката за нефрологија. На Клиниката за Неврологија биле примени двајца пациенти, исто толку и на Клиниката за уво нос и грло и на Очната клиника.

Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало 6 нови приеми на пациенти, а на Инфективната клиника двајца во текот на вчерашниот ден. Во изминатите 24 часа дома се пуштени 20 оздравени пациенти.

Во моментов на Кожната клиника во ковид центарот се лекуваат 16 пациенти, на Клиниката за неврологија 27 болни, а на Институтот за ТБЦ се примени вкупно 27 пациенти, во ковид центарот на Клиниката за нефрологија во моментов се сместени 20 пациент, на Клиниката за очни болести 4 пациенти, а на ОРЛ 16 болни. На Клиниката за Гастроентерохепатологија лежат 20 пациенти.

Во ГОБ 8 Септември има вкупно 99 болни, а на Клиниката за инфективни болести лежат 94 пациенти, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 32 пациенти.

Би можело да ве интересира

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Се случи најлошото, почина пациентка која не била примена на интензивна нега на Инфективна клиника

Катерина Ѓуровски

Вкупно 250 случаи на Ковид-19 во јули во државава

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

A1on

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски